Од Стејт департментот велат дека САД им се благодарни на земјите што дадоа критична помош за евакуација на Американци и загрозено цивилно население од Авганистан
Силите на Соединетите држави го напуштија Авганистан во вторникот наутро, означувајќи го крајот на најдолгата војна во која имаат учествувано. Севкупно, Соединетите Држави и нивните партнери евакуираа повеќе од 124 000 луѓе, вклучувајќи и 6 000 американски државјани, наведуваат од Стејт департментот.
„Со поддршка од партнерите и сојузниците, Соединетите Држави создадоа глобална мрежа – составена од дваесетина земји кои се распространети на четири континенти – за сместување вкупно 65 000 лица со привремен транзитен престој, вклучително и за 2 000 лица за кои е потребна подолга обработка на податоците“,
соопшти Стејт департментот.
Од Стејт департментот велат дека САД ѝ се благодарни на глобалната мрежа на земји што дадоа критична помош за напорите за евакуација.
„Партнерите и сојузниците – вклучувајќи ги Бахреин, Данска, Финска, Франција, Германија, Грузија, Унгарија, Италија, Косово, Кувајт, Холандија, Норвешка, Пакистан, Катар, Шпанија, Швајцарија, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Обединетите Кралство – помогнаа во преместувањето на Американците и на другите на безбедно. Други земји несебично се понудија да помогнат на различни начини во врска со напорите за евакуирање на Авганистанците кои беа изложени на ризик. Овие земји се Албанија, Бахреин, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Еквадор, Гвајана, Индија, Кувајт, Мексико, Холандија, Северна Македонија, Полска, Португалија, Катар, Руанда, Сингапур, Уганда и Обединетите Арапски Емирати“,
велат од Стејт департментот
Од Стејт департментот уверуваат дека САД работат деноноќно за да обезбедат американски државјани, цивили од Авганистан во опасност и други, безбедно и ефикасно да стигнат до крајните дестинации.