Најверојатно шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас ќе ја задржи позицијата, а промените што се споменуваат во медиумите во Грција, според најавите, пред сè ќе бидат поврзани со министрите и надлежните за справување со актуелните кризи, ако што се пожарите и пандемијата
Портпаролот на грчката влада Јанис Иконому денеска претпладне по локално време ќе ги соопшти промените во владата што се најавуваа изминатите денови.
Како што јави МИА од Атина, премиерот Киријакос Мицотакис за денеска закажа владина седница.
Според информациите во медиумите, промените пред сè ќе се однесуваат на замениците министри, а ќе бидат сменети или ротирани само неколку министри.
Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во моментите кога ќе биде соопштена реконструкцијата ќе биде на средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје, веројатно ќе ја задржи својата позиција, а промените што се споменуваат во медиумите во Грција, според најавите, пред сè ќе бидат поврзани со министрите и надлежните за справување со актуелните кризи, како што се пожарите и пандемијата.
