Тројца наши државјани се наоѓаат на бродот што е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од јапонското МНР.
Како што се наведува во соопштението, досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека продолжуваат со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
Граѓаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или имејл: [email protected].
Кај најмалку десет патници на крузерот што вчера пристигна во пристаништето во Јокохама досега е утврдено присуство на коронавирусот.
Тестирани се речиси од 300 од 3 700 луѓе и се верува дека бројката на заразени би можела да порасне.
Прегледите започнаа откако се разболел 80-годишен маж од Хонгконг. Сите десетмина заразени се на возраст над 50 години, но никој не е животно загрозен.
Патниците и екипажот на крузерот ќе бидат во карантин две недели, колку што трае периодот на инкубација на вирусот.