Тие ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава
На овие избори за првпат во државава, идентификацијата на гласачите треба да се врши преку терминали за препознавање на отпечаток на прст. Но набавката не е финалисирана
Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори денеска ќе ги распише локалните избори, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава.
Според најавата од собраниските служби, тој решението а распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје ќе го потпише поладнево во 17 часот.
Во меѓувреме, пратениците се на годишен одмор. Како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери и според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.
Џафери минатата недела на средба со новинарите рече дека со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на средината на септември.
Спикерот Џафери одморот ќе го помине во соседна Албанија.
На овие избори за првпат во државава, идентификацијата на гласачите треба да се врши преку терминали за препознавање на отпечаток на прст. Но набавката не е финализирана.
Комисијата за јавни набавки при Државната изборна комисија, кон средината на јули, ја избра германската компанија „Дермалог“ за доставувач на опремата, а претседателот на ДИК, Александар Даштевски, го прифати предлогот. Меѓутоа, процедурата не е завршена, бидејќи треба да се изјасни и Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Во деновите кога се очекува Државната комисија за жалби по јавни набавки да одлучи во врска со жалбите на тендерот за набавка на апарати за биометриска идентификација што ќе се користат на локалните избори, од респектабилна невладина организација од Авганистан, според информации на „360 степени“, во ДИК пристигнало писмо во кое се предупредува за тамошното лошо искуство со „Дермалог“.