Бројот на активни случаи во државата се доближи близу 1 000. Тетово во моментов има повеќе активни случаи и од Скопје. Вкупно 285, додека во главниот град има 275
Во последните 24 часа се направени 4 713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Најмногу, повторно се во Скопје и Тетово – по 65. Останатите нови случаи се во: Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се четири починати лица: две лица од Скопје (61г и 66г) и едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 926 бројката на оздравени пациенти е 150 470, на починати е 5 501, а бројот на активни случаи изнесува 955.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 69 044, Активни 275
- Куманово 8 991, Активни 90
- Прилеп 8 346, Активни 16
- Тетово 7 629, Активни 285
- Битола 6 348, Активни 38
- Велес 5 481, Активни 5
- Гостивар 5 280, Активни 84
- Кавадарци 5 162, Активни 6
- Охрид 5 032, Активни 11
- Штип 4 972, Активни 8
- Струмица 4 157, Активни 27
- Струга 2 995, Активни 12
- Кочани 2 807, Активни 11
- Кичево 2 631, Активни 23
- Гевгелија 2 197, Активни 1
- Неготино 2 184, Активни 0
- Свети Николе 1 528, Активни 3
- Ресен 1 235, Активни 1
- Крива Паланка 1 227, Активни 0
- Радовиш 1 167, Активни 5
- Берово 1 041, Активни 9
- Делчево 974, Активни 0
- Дебар 973, Активни 29
- Виница 890, Активни 4
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 674, Активни 6
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 0
- Демир Хисар 400, Активни 0
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 377, Активни 0
- Македонски Брод 360, Активни 1
- Пехчево 273, Активни 4
- Македонска Каменица 250, Активни 1
- Дојран 132, Активни 0