Во последните 24 часа регистрирани се и 18 оздравени пациенти. Во моментов бројот на активни случаи е 770 од кои најмногу се во Тетово – 229 и Скопје – 221
По подолг период, во земјава е регистрирана трицифрена бројка на новозаразени со ковид-19 во едно деноноќие. Како што информираше Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 5 276 тестирања од кои се регистрирани 164 нови случаи на ковид-19.
Последен пат, над сто нови случаи имаше на 15 мај кога Министерството за з.дравство информираше за 112 новозаразени
Најмногу од новите 164 случаи се во Тетово – 60, Скопје – 34 и Гостивар – 21. Останатите се во: Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.
Пријавени се три починати лица: две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 707 бројката на оздравени пациенти е 150 440, на починати е 5 497, а бројот на активни случаи изнесува 770.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 979, Активни 221
- Куманово 8 971, Активни 72
- Прилеп 8 343, Активни 14
- Тетово 7 564, Активни 229
- Битола 6 344, Активни 34
- Велес 5 479, Активни 3
- Гостивар 5 261, Активни 68
- Кавадарци 5 160, Активни 4
- Охрид 5 031, Активни 10
- Штип 4 970, Активни 6
- Струмица 4 150, Активни 21
- Струга 2 991, Активни 8
- Кочани 2 804, Активни 9
- Кичево 2 625, Активни 19
- Гевгелија 2 197, Активни 2
- Неготино 2 184, Активни 0
- Свети Николе 1 528, Активни 3
- Ресен 1 234, Активни 0
- Крива Паланка 1227, Активни 0
- Радовиш 1165, Активни 4
- Берово 1 037, Активни 5
- Делчево 974, Активни 1
- Дебар 971, Активни 27
- Виница 886, Активни 0
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 674, Активни 7
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 0
- Демир Хисар 400, Активни 0
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 377, Активни 0
- Македонски Брод 359, Активни 0
- Пехчево 272, Активни 3
- Македонска Каменица 249, Активни 0
- Дојран 132, Активни 0