Повеќе од 200 стебла канабис пронашла полицијата во атарот на тетовското село Теарце, поточно на местото викано „Лапуф“, во близина на железничката пруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денеска во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, по преземени мерки и активности на место викано „Лапуф“, атар на село Теарце, во близина на железничката пруга, пронајдени се над 200 стебла канабис,
соопшти МВР.
За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.