Теренската вакцинација против ковид-19 денеска ќе продолжи во десетина населени места во четири општини. Министерството за здравство информира дека вакцинацијата ќе се спроведува во:
Тетово – Речица, Г.Речица,М.Речица, Калник, Чифлик
Струга – Д.Белица, Враништа
Битола – Ѓавато, Маловиште
Берово – Смојмирово
Здравствените власти аплираат граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, бидејќи како што велат, тоа е единствениот начин да се спречи нов бран на пандемијата.