Регистриран е рекорден број на аплицирани дози од вакцините против ковид-19 во еден ден, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
Тој информира дека за 24 часа, една доза примиле речиси еден отсто од населението.
„Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира. Ве повикувам сите кои се уште се двоумите вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. #ВакцинирајСе без закажан термин“,
напиша Филипче.