Од Комбинатот информираат дека работникот бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК Битола како ракувач на булдожер и изведувал задача на поместување на јаловински маси
Триесет и осумгодишен работник од Прилеп синоќа загина во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“. Според полицискиот билтен, машинистот К.Т. загинал откако бил затрупан со земја.
„На 20.07.2021 во 02.30 во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле присутни Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција“,
велат од МВР.
Од Комбинатот информираат дека работникот бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК Битола како ракувач на булдожер и изведувал задача на поместување на јаловински маси.
„Во моментот на насреќата, од се уште неутврдени причини, работникот го напуштил булдожерот, истовремено дошло до одронување на земја која го затрупала, при што исходот бил со смртни последици. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а согласно процедурите за расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан, земени се и изјави од колегите и претпоставените на починатиот. РЕК Битола упатува длабоко сочувство до семејството на загинатиот“,
велат од РЕК Битола.
Од РЕК Битола додаваат дека јавноста ќе биде известена за наодите на наделжните органи по завршувањето на законски предвидените дејствија.