При претрес кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери -‘мајнери’ за копање на криптовалути
Вчера (петок, 16 јучи) во 14:30 часот полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров го привеле лицето В.П. (37), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери ‘мајнери’ за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,
велат од МВР.
