Жителите на населбата „Јака“ информираат дека денеска од 11 до 13 часот ќе одржат протест со возила во движење низ општина Илинден во знак на револт поради, како што велат, игнорантскиот однос на општинските власти за нивните проблеми – немање канализација, непробиени и неасфалтирани улици, немање јавен превоз, немање улично осветлување…

„Со свирежите од автомобилите, жителите на „Јака“ симболично ќе се обидат да го разбудат градоначалникот Жика Стојановски од “зимскиот сон“ кој му трае веќе 9 години, во кои цело време има мандат, но не реши ниту еден главен инфраструктурен проблем во населбата ниту некогош дојде лично да ги виде условите за живот“,
велат организаторите.
Протестот трае веќе еден месец, но од денеска тој ќе биде во движење на територијата на целата општина.