Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претставништва во погодените региони од поплавите во Западна Европа, нема жртви државјани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).
Оттаму велат дека со загриженост ги следат состојбите со поплавите и се во постојана комуникација со дипломатско-конзуларните претставништва.
„Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Северна Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РСМ“,
велат од МНР.
Во случај на евентуално барање помош, наведуваат, нашите државјани можат да се јавуваат на следните телефонски броеви:
- Берлин: +49 15255691603
- Минхен: + 49 162925525
- Хаг: + 31 6 38174907