На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење и внимавање при возење во котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.