„Ако ја немаме поддршката од партиите кои произлегоа од протестите против режимот на Борисов, „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Мафијата надвор!“, нема да предложиме влада“, категорични се замениците претседатели на „Има таков народ“, Тошко Јорданов и Филип Станев.
Но, ниту за новото име за премиер, за кого тврдат дека е искусен професионалец, ниту за ревидираниот состав на министри, ИТН не планира да ги консултира партиите од кои бара поддршка, „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Мафијата надвор!“.

„Одговорноста за составот на владата е само наша. ИТН ќе разговара со овие две партии, но само за поддршка на политиките, зашто ние ги предлагаме мерките, а министрите са само извршители. Ако од нив не ја добиеме поддршка за владата што ќе ја предложиме, „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Мафијата надвор“ имаа целосна слобода, доколку го добијат мандатот, да се договорат со Борисов, Нинова и со Карадај и да си формираат влада“,
истакна Јорданов.
И покрај овој необичен став, од партијата на Трифонов велат дека немаат влошени односи со т.н протестни партии, но им забележуваат на непримерните изјави кои ги давале изминатите денови.
Кандидатот за премиер, Николај Василев, му за заблагодари на Трифонов за довербата и изрази жалење што не успеал да ги промовира своите идеи и концепти.