Блокирањето на официјалниот профил на министерот за здравство Венко Филипче на социјалната мрежа „Твитер“ е поради погрешно внесување на кодот за верификација, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на ‘Твитер’, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот“,
велат од МЗ.

