Премиерот Зорав Заев на новинарско прашање за тоа дали е точно дека СДСМ нема да ја поддржи Резолуцијатa на ВМРО-ДПМНЕ за исцртување на црвените линии во преговорите со Бугарија, кажа дека доколку некој го избегнува името Република Северна Македонија, тогаш владејачката партија нема да партиципира во такво нешто.
„Во Резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, а во Уставот е Република Северна Македонија и ако ја читате преамбулата на самата Резолуција, треба да стои името Република Северна Македонија. И тоа е Устав, не е дали ние сакаме, некој друг не сака, или ние не сакаме, а друг сака. Вие можете да го гледате текстот, ама секоја Резолуцијата е комплетна заедно со преамбулата. Ако некој сака да го избегне уставното име на Република Северна Македонија нека го прави тоа сам, ние нема да партиципираме. Нема да го кршиме Уставот. Уставното име на државата е Република Северна Македонија… Во суштина ја поддржуваме Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе застанеме зад неа, на сите да им биде јасно дека сме сите заедно застанати во заштита на македонскиот јазик и идентитет, но тоа не значи дека треба да го кршиме Уставот. Ако ние го прекршиме како владејачко мнозинство, тогаш никој нема да го почитува. Уставот вели дека сите документи што ги носи собранието мора да се усогласени“,
кажа Заев.
На новинарско прашање дали е спорно тоа што опозицијата ги поднесува законите до Собранието на Република С. Македонија, Заев е дециден дека и тоа не е уставно.
„Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Макдонија. Ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на рефенрдум и согласно Уставот, две третини. Парламентот во дискусија од 130 дена, три пати гласајќи, ја донесе одлуката за нашето ново уставно име. На името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба која е закон веќе, а е дел и од Уставот. Очекувам да се почитува Уставот од страна на сите, а политичките партии треба да бидат први. Непочитувачи ако се граѓаните сигурно ќе имаат реперкусии, а политичките партии не е во ред да останат неказнети и да сносат последици зашто така им текнало, им паднало на памет да не го употреуваат уставното име, односно да не го почитуваат Уставот“,
рече Заев.