Шефот на дипломатијата денеска одржа вонреден тематски состанок со амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ
Онлајн средбата коинцидира со почетокот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.
„Следниот период, идните дипломатските делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западниот Балкан. Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини“,
порачал Османи.
Според соопштението на МНР, на состанокот со амбасадорите Османи потенцирал дека стартот на преговорите останува врвен приоритет за дипломатијата и во претстојниот период.