Потсмев и критика за несериозност во бугарската јавност предизвика изјавата на „Има таков народ”, Слави Трифoнов. Неговиот опонент Борисов реагира зошто астронаутот од С Македонија е маж а не жена, а медиумите велат дека Слави ја остварува детската мечта на кандидатот за премиер Василев кој своевремено изјавил дека сака да биде космонаут
„Ќе поднесеме апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам се’ што е возможно, да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам се’ што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“, изјави Слави Трифoнов кој денеска најави формирање на влада.
Неговиот политички противник, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов порача дека тие не се занимавааат со НАСА и со астронаутите.
„Ама, ако не ме лаже впечатокот, тој предлага бугарските астронаути да бидат маж и жена, а „Северномакедонецот“ – маж. Зошто да не е жена? Замислете си, гоrе во орбитата, бугарин и „северномакедонец“. Така почнуваат интергалактички војни. Ќе ги види некој вонземјанин ќе ги праша. ‘Ти што си?’ – ‘Јас сум Бугарин’. ‘Јас сум ‘Северномакедонец’,
се пошегува поранешниот бугарски премиер.
Идејата на Трифонов е предмет на потсмев и критика во бугарските медиуми. Според новинарот Јавор Дачков, „во идејата за вселената е интересно само споменувањето на Северна Македонија, зошто тоа е важното прашање а тој кон него се поставува несериозно“.
„Од изјавата на Слави, која за разлика од неговите традиционални фејсбук постови беше исклучително опширна, се уште не е јасно дали космонаутите ќе имаат задача да ги водат преговорите за влез на С Македонија во ЕУ, односно, дали вселената е всушност „неутрална земја”. Во врска со тоа, Слави не појасни дали лицето ќе биде некоја влијателна политичка фигура. Ако тоа сепак се случи, очигледно е дека откако Радев го повози претседателот на С Македонија Стево Пендаровски со авион, на ред доаѓа премиерот Заев“, .
коментира аналитичарката Павела Костова
Во Трибуна потсетуваат дека Трифонов со идејата всушност му го исполнува детскиот сон на предложениот кандидат за премиер Николај Василев. Тој во изјава за медиумите пред 16 години, како министер во владата на Саксобурготски посочува дека негова мечта од детсвото била да стане космонаут.