Меѓу исчезнатите има државјани на Канада, Аргентина, Уругвај и Парагвај
Се зголемува бројот на жртви од станбената зграда што се урна во Мајами и според локалните власти бројката достигна 90 лица, а по уште триесетина се трага.
Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава, вели дека стравуваат оти бројката на жртви и понатаму ќе се зголемува.
Под урнатините на зградата во Мајами има повеќе жртви отколку што првично се мислеше
„Бројката е променлива и таа и понатаму ќе се менува со продолжувањето на потрагата“,
вели Кава.
Истражните органи сè уште не ја утврдиле причината за уривањето на зградата стара 40 години. Дванаесеткатницата делумно се урна пред околу три недели, а спасувачката мисија беше прекината неколку шшати поради избувнување на пожар што им отежнуваше на службите да продолжат по евентуални затрупани, а преживеани станари.
(ВИДЕО) Пожар во урнатата зграда во Мајами ја отежнува работата на спасувачките екипи
Меѓу исчезнатите има државјани на Канада, Аргентина, Уругвај и Парагвај.
Засега не се познати причините за уривањето на делот од зградата во кој имало околу 55 станови. Градските власти соопштија дека зградата, според извештајот од 2018 година, имала големи структурни оштетувања и пукнатини во ѕидовите на подрумот, а во меѓувреме се правела некаква реконструкција на покривот.