Kумановската полиција пронајде седум мигранти од Пакистан во липковското село Вакцинсе, соопштија денеска од СВР Куманово.
„Вчера, во село Ваксинце, на местото ‘Рудничка колонија’, по претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Куманово биле пронајдени седум лица мигранти од Пакистан“,
соопшти СВР Куманово.
Сите седум лица се предадени во транзитен центар Табановце.