Министерството за надворешни работи реагира на предизборни спотови објавени во Бугарија во кои, како што се посочува, се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон нашата држава.
„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“,
стои во реакцијата на МНР.
Во Бугарија се очекуваат нови парламентарни избори, а партијата ВМРО-БДН на Красимир Каракачанов, објави спот во кој се прикажува Охрид.