Студентите од октомври ќе добиваат по 2 400 денари месечно финансиска поддршка за субвенциониран оброк, со што го подобруваме студентскиот стандард и ги исполнуваме барањата на младите, порача министерката за образование и наука, Мила Царовска попладнево преку својот профил на Фејсбук.
Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка на студентите со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите.
„МОН заедно со младите продолжува да креаира мерки и политики и да спроведува процеси кои се во интерес на младите и нивната иднина“,
напиша Царовска.