Барањето е објавено на веб-страницата што обично ја користи криминалната банда „REvil“, која е поврзана со Русија и е една од најопасните технолошки криминални организации
Хакерите осомничени за големиот напад со посебен софтвер врз стотици компании ширум светот, доцна синоќа побарале 70 милиони долари за им дозволат пристап доподатоците, се вели во пораката на таканаречениот „мрачен интернет“.
Барањето е објавено на веб-страницата што обично ја користи криминалната банда „REvil“, која е поврзана со Русија и е една од најопасните технолошки криминални организации.
Оваа група има сложена структура со бројни соработници, што го отежнува откривањето на лицето кое стои зад хакерите, но Алан Лиска од компанијата за технолошка безбедност „Record Future“ вели дека пораката „речиси сигурно“ доаѓа од кругот на главните луѓе на „REvil“.
Групата не одговори на прашањата на Ројтерс.
Нападот, извршен во петокот, е еден од најдраматичните во серијата зголемени хакерски напади во последно време.
Криминалците упаднале во системот на информатичката компанија „Касеја“ од Мајами, а потоа и на нејзините клиенти. Следеше верижна реакција, а компјутерите на стотици компании ширум светот наскоро беа парализирани.
Експертите за компјутерска безбедност брзо објавија дека зад акцијата стои „REvil“, а групата подоцна и самата го потврди тоа.
Експертот Лиска е уверен дека овој пат хакерите „загризале“ преглем залак и дека ситуацијата им излегла од контрола.