Бетел на 27 јуни, веднаш по враќањето од самитот на ЕУ во Брисел, имаше позитивен тест за коронавирус, а вчера е примен во болница
Здравствената состојба на премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е „сериозна, но стабилна“ и тој ќе остане во болница уште најмногу четири дена поради последиците на коронавирусот.

Бетел на 27 јуни, веднаш по враќањето од самитот на ЕУ во Брисел, имаше позитивен тест за коронавирус, а вчера е примен во болница.
Бетел (48) во текот на викендот бил под медицински надзор поради ниската сатурација. Тој, исто така, имал кашлица, главоболка и треска, пренесуваат британските медиуми.
„Здравствената состојба на премиерот се смета за сериозна, но стабилна“,
соопшти Владата на Луксембург.
Во соопштението се наведува дека министерот за финансии, Пјер Грамења, го презема извршувањето на државните работи.