Противпожарната бригада на Град Скопје повеќе од половина час го гаси пожарот што вечерва избувна под Кале.
Командат на скопската пожарна, Владимир Симоновски за „360 степени“ вели дека на терен се испратени две возила и дека нема опасност од проширување на пожарот.
Причината за пожарот, вели најверојатно е огнометот на Американската амбасадата.
„Бидејќи местото е многу суво, најверојатно од падот на остатоците од огнометот се запалило. Пожарот избувна под тврдината и нема опасност за околината“,
вели Симоновски.
— Ган (@gunmetal6lack) July 4, 2021
Пријавата за пожарот стигнала кратко по огнометот кој беше изведен од амбасадата на САД во Скопје по повод прославата за Денот на независноста, за која беше организирана и виртуелна прослава.