Од С Македонија досега во Врање се ревакцинирани 4 179 лица
Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани со првата доза од ваквцина против ковид-19, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 лица од земјава, јави МИА од Белград.
Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број примени прва и втора доза од сите достапни вакцини изнесува 68 548.
Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 10 390, додека бројот на вакцинирани од Босна и Херцеговина е пет
Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со втора доза е 26 678 и пет државјани на Босна и Херцеговина.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм’, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“.