Македонското министерство бара коректна употреба на термините, согласно со Уставот и личната карта на земјава во ОН
Министерството за надворешни работи испратило реакција до УЕФА, на чиј официјален сајт, каде што се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се Северномакедонци.

„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на С Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно со Уставот и личната карта на земјата во Обединетите нации“,
велат од Министерството за надворешни работи.