Уште денеска насекаде во земјата ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури. Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец, најавуваат од Упрвата за хидрометеоролошки работи.
Од утресе очекува температурата ќе биде пониска за неколку степени, а се прогнозира повремена облачност која ќе се зголемува и ќе предизвика појава на локален пороен дожд со ретки грмежи.

За време на викендот се очекува сончево време со умерена облачност и со умерен ветер. Во попладневните часови, на одредени места ќе има услови за локални врнежи од дожд.
Максималната температурата ќе достигне до 36°.