Запирање на деталниот урбанистички план за Расадник кој предвидува изградба на 100 згради и донесување на нов ДУП на меѓународен конкурс, на кој граѓаните ќе избираат меѓу три најдобри решенија на референдум. Ова го побараа неколку десетици граѓани на протест во скопска Кисела вода, здружени во иницијативата „Расадник на можности за хуман живот“.
Засегнатите жители велат дека не се против урбанизација на овој дел од градот, туку се против, како што го нарекуваат „урбаниот терор кој наметнува одредени лоши решенија“. Порачаа и дека ДУП-от ја надминува предвидената станбена површина на ГУП-от за над 300.000 квадратни метри, а улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места и детски игралишта.
„Бараме меѓународен конкурс за идејно решение за дупот на Расадник, со три предлог решенија. ние до градоначаникот доставивме барање за комплетно да ја покриеме реализацијата на тој идеен конкурс, минимум 40 насто зеленило, катни гаражи за решавање на хаосот. Спортски терени, безбедни и обележани улици нашите деца не се движат тука,
вели Лазе Трипков од иницијативата „Расадник на можности за хуман живот во Кисела вода“.
Површината на која е предвидена изградбата на нови 100 станбени единици во поголем дел, речиси 60-70 насто и припаѓа на државата, а останатиот дел е во приватна сопственост. Но, покрај незадоволните граѓани кои се загрижени за квалитетот на живот со ваквите урбанистички решенија, на протестот се појавија и приватните сопственици на имот, по што настана расправија.
„Од тие 10 илјади квадрати што ги имаме, ние имаме отстапено за улица и зеленило. Градежниот дел изнесува негде околу 5.000 квадрати. значи ние сме се откажале од половина парцела во име на зеленило, а во другиот дел да се изградат згради. Ние како сопсвеници на земјиштето не бараме да има облакодери од 20 ката. Колку определил ДУП-от, толку нека бидат не бараме ниту помалку, ниту повеќе. Туку она што е согласно сите позитивни регулативи за градежништво, вели еден од сопствениците на парцела во Расадник, Ванчо Насков.
вели Ванчо Насков, еден од сопствениците на парцела во Расадник.
Но, според членовите на иницијативата, државата можела да понуди откуп на земјиштето, наместо да им даде можност да дооформат и окрупнат парцели.
Претходно, градоначалникот на Кисела вода, Филип Темелковски во изјава за „24 вести“ изјави дека ги разгледувале сите анкетни листови кои биле доставени во текот на јавната анекта. Според Темелковски, голем дел од барањата за катни гаражи и велосипедски патеки се веќе инкорпорирани во самиот план. Во однос на бројноста на зградите, тој рече дека станува збор за огромен опфат кој може да ја издржи таа бројка на станбени единици.
„Бројот на жители си е предвиден со ГУП -от и ќе се држиме до тоа. Ние за разлика , за разлика од претходните предлози во 2015 и 2017, вкупно е намалено за површина од 300 000 метри квадратни како бруто површина. Ќе продолжиме со спроведување на планот“,
рече Темелковски.