Филипче соопшти дека во наредните денови вакцинацијата ќе добие ново забрзано темпо
Во земјава пристигнаа уште 100.620 дози вакцини на „Фајзер“.
Министерот за здравство Венко Филипче објави дека вакцините, што се купени преку КОВАКС – механизмот стигнале попладнево.
Во текот на следните денови, како што посочи Филипче на Фејсбук, вакцинацијата ќе добие ново и забрзано темпо, така што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.
„Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз рок“,
пишува Филипче.