„360 степени“ минатата недела, врз основа на изјави на граѓани објави дека во последниов месец има тешкотии да се извадат лични документи како лични карти и пасоши, а повеќе од три месеци не можат да се обезбедат ниту регистарски таблички за автомобили
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека од 23 до 27 овој месец нема да се примаат барања и нема да се издаваат лични документи – личн карта, пасош, возачка дозвола.
Како причина од МВР наведуваат „миграција во нов систем“.
Поради ова, од МВР известуваат дека сите кои имаат термини за аплицирање за лични документи во итна постапка за 23, 24 и 25 јуни, да дојдат во просториите каде што имаат закажан термин на 22 јуни во текот на целиот работен ден или на 23 јуни до 12 часот.
Оние пак, кои имаат термини за 23, 24 и 25 јуни во редовна постапка, да дојдат од 28 јуни до 2 јули на истите тие места.
Готовите лични документи граѓаните можат да ги подигнат до 23 јуни.
„360 степени“ минатата недела, врз основа на изјави на граѓани објави дека во последниов месец има тешкотии да се извадат лични документи како лични карти и пасоши, а повеќе од три месеци не можат да се обезбедат ниту регистарски таблички за автомобили.
Од Министерството за внатрешни работи рекоа дека проблемот со вадење лични документи е поради надградба на системот, но дека од 17 јуни (кога беше објавен текстот) граѓаните можат да ги добијат овие услуги.
Со крајот на учебната година се појави уште еден проблем, а тоа е недостиг од свидетелства во основните и средните училишта.