Девет општини, пак, во моментов се без активни случаи: Кавадарци, Свети Николе, Берово, Пехчево, Дојран, Демир Капија, Богданци, Пробиштип и Ресен
Во последните 24 часа нема ниту една смртен случај од ковид-19, информираше Министерството за здравство. Ова е втор ден по ред без смртни случаи како последица на коронавирусот. Покрај денеска и вчера, починати лица не беа регистрирани и во неделата (13 јуни).
Министерството за здравство информираше и дека во последното деноноќие регистрирани се 15 новозаразени од 2 802 тестирања.
Новите случаи се во: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.
Активни се 421 случај
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 583, бројката на оздравени пациенти е 149 690, на починати е 5 472, а бројот на активни случаи изнесува 421.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 627, Активни 167
- Куманово 8 872, Активни 49
- Прилеп 8 322, Активни 32
- Тетово 7 239, Активни 32
- Битола 6 304, Активни 16
- Велес 5 471, Активни 3
- Гостивар 5 180, Активни 13
- Кавадарци 5 153, Активни 0
- Охрид 5014, Активни 22
- Штип 4 960, Активни 3
- Струмица 4 114, Активни 7
- Струга 2 981, Активни 4
- Кочани 2 791, Активни 4
- Кичево 2 588, Активни 34
- Гевгелија 2 195, Активни 2
- Неготино 2 184, Активни 3
- Свети Николе 1 523, Активни 0
- Ресен 1 234, Активни 0
- Крива Паланка 1 222, Активни 2
- Радовиш 1 161, Активни 7
- Берово 1029, Активни 0
- Делчево 973, Активни 4
- Дебар 941, Активни 2
- Виница 886, Активни 5
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 666, Активни 1
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 1
- Демир Хисар 400, Активни 3
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 376, Активни 3
- Македонски Брод 359, Активни 1
- Пехчево 268, Активни 0
- Македонска Каменица 249, Активни 1
- Дојран 132, Активни 0