Овој чин предизвикува загриженост меѓу активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТ-заедницата
Илјадници демонстранти што синоќа излегоа на улиците на Будимпешта не спречија денеска во парламентот на Унгарија да биде усвоен закон со кој се забранува „промовирање на хомосексуалност кај малолетни лица“.
Овој чин предизвикува загриженост меѓу активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТ-заедницата.
Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ја и владејачката партија Фидес.
Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен крајно десничарската партија Joбик, која му се спротивставува на Орбан, но денеска гласаше за забраната.
„Порнографијата и содржината што ја прикажуваат сексуалноста или промовираат девијации на идентитетот од овој вид, промена на полот и хомосексуалноста, не смеат да бидат ставени на располагање на лица на возраст под 18 години“,
се наведува во документот додавајќи дека тој има за цел да ги „заштити правата на децата“.
Во пракса, тоа ќе значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е оној на „кока-кола’, што претставува неколку мажи, а кој во 2019 година предизвика повици за бојкот. Се забрануваат и книги што се однесуваат на хомосексуалноста.
Илјадници лица синоќа излегоа на улиците на Будимпешта во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТ-заедницата.