Триесетгодишен маж ја убил со пиштол касиерката во супермаркет во американската држава Џорџија поради кавга за маска за лице.
The DeKalb County sheriff said the shooting happened inside the Big Bear Supermarket in Decatur after a confrontation over face masks inside the supermarket. https://t.co/q6RbwRswwL
— ABC 7 Chicago (@ABC7Chicago) June 15, 2021
Но, како што соопштија локалните власти, таа не е единствената која настрадала од Виктор Ли Такер (30), кој пукал и во заменик-шерифот кој се нашол на местото, а не бил на должност.
Во соопштението од полицијата во Џорџија, како што пренесува Ројтерс, повредени се и убиецот и заменик-шерифот, но се во стабилна состојба. Жената која била застрелана во маркетот починала на самото место.
Засега нема детали за расправијата што довела до убиството, а полицијата изјави дека го уапсила ранетиот напаѓач додека тој се обидувал да се провлече низ влезната врата на маркетот.