Вкупно 12 870 дози од вакцината против ковид на производителот „Фајзер“ денеска пристигнаа во земјава. Како што информира Министерството за здравство станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8 190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4 680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).
Од Министерството најавуваат дека во текот на утрешниот ден пак, се очекуваат и 20 илјади дози од вакцината на „Астра Зенека“. Овие вакцините се донација од Грција.
„Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на ‘Астра Зенека’. Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек“,
велат од Министерството.