За неполн час, македонските фудбалери за првпат ќе истрчаат на терен на едно Европско првенство. Од 18 часот почнува дебитантскиот натпревар на нашата репрезентација на едно ЕП, а противник ќе ни биде Австрија.
Селекторот Игор Ангеловски одлучи со кои единаесетмина ќе го почне натпреварот со Австрија.
На голот ќе биде Столе Димитриевски. Во одбраната се Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Аријан Адеми, Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас. „Најистурени“ ќе бидат Горан Пандев и Александар Трајковски.
Дебитантскиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на „Национална арена Букурешт“, а на трибините се очекува да има околу 2 000 наши навивачи кои, како што можеше да се забележи од бројните видеа објавени на социјалните мрежи во текот на денот, се загреваа низ центарот на романската престолнина.
