Попладне, со почеток во 18 часот, на Национална арена „Букурешт“ нашите фудбалери ќе се соочат со репрезентацијата на Австрија
Премиерот Зоран Заев, министерот заа надвореши работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши попладнево тргнаа за Букурешт каде од трибините на наационалната арена во романскиот главен град ќе го следат првиот настап на нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство в фудбал.
„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме.Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на Фејзбук каде објави и фотографија од аеродромот пред тргнувањето.
На третиот ден од ЕВРО 2020, дебитантски настап на едно големо фудбалско натпреварување ќе има македонската фудбалска репрезентација. Попладне, со почеток во 18 часот, на Национална арена „Букурешт“ нашите фудбалери ќе се соочат со репрезентацијата на Австрија.
