Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од МЗ
Денеска за прв пат по 2 септември лани во земјава нема регистриран смртен случај како последица од ковид во 24 часа, соопштија од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 3 068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 536, бројката на оздравени пациенти е 149 628, на починати е 5 471, а бројот на активни случаи изнесува 437.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68611, активни 189
Куманово 8868, активни 52
Прилеп 8318, активни 33
Тетово 7232, активни 28
Битола 6304, активни 18
Велес 5471, активни 3
Гостивар 5180, активни 14
Кавадарци 5153, активни 0
Охрид 5011, активни 19
Штип 4959, активни 2
Струмица 4113, активни 6
Струга 2981, активни 4
Кочани 2791, активни 4
Кичево 2578, активни 26
Гевгелија 2195, активни 3
Неготино 2184, активни 4
Свети Николе 1523, активни 1
Ресен 1234, активни 0
Крива Паланка 1222, активни 2
Радовиш 1161, активни 7
Берово 1029, активни 0
Делчево 972, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 2
Дојран 132, активни 0
„Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“,
велат од МЗ.