Според Бујар Нишани, треба да се испита потеклото на имотот на сите политичари и доколку не може да се оправда потеклото имотот веднаш да им се одземе
Поранешниот албански претседател Бујар Нишани побара ветинг, односно проверка на потеклото на имотот на сите политичари и доколку не може да се оправда потеклото имотот веднаш да им се одземе.
Додаде дека овој закон треба да биде прв важен документ што треба да го изгласа новиот парламент, а доколку тоа не се случи треба да се донесе на референдум.
„Еден месец во текот на изборната кампањата, ниту се зборуваше, ниту чувме осуда за десетици случаи на корупција и кражба, ништо не се зборуваше. Што можеме да сториме за да ја вратиме довербата на луѓето? Прв закон на новиот парламент треба да биде оној за ветинг за политичарите, истрага и одземање на секоја лажица, вилушка, куќа, автомобил, друг имот на секој политичар, што не може да го оправда со парите што ги добивал сите овие години“,
смета Нишани, како што пренесува МИА.
Со ветингот, според него, не треба да бидат опфатени само актуелните функционери, туку и оние кои претходно биле на функција.
Педесет и пет годишниот Нишани, кој беше на чело на државата од 2012 со 2017 година, претходно беше министер за за правда, а потоа и за внатрешни работи.
Поради процесот на проверка на потеклото на имотот, во правосудството на Албанија има недостиг на судии и обвинители, а речиси три години земјата беше и без Уставен суд.