Иновативниот уред IQOS кој претставува помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, веќе една година е присутен и на македонскиот пазар. Со појавата на овој електронски уред, возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите, добија можност да се приклучат на големото семејство од над 14 милиони луѓе ширум светот кои веќе целосно ги заменија класичните цигари со овој систем за загревање кој е развиен врз база на научни докази.

„IQOS дојде во Северна Македонија во едно многу тешко време. Меѓутоа, иако сите наши планови мораа да се променат, ние сепак не се откажавме од намерата на македонските полнолетни пушачи што поскоро да им понудиме подобра алтернатива, каква несомнено се овие уреди. IQOS е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 14 милиони возрасни пушачи ширум светот ги заменија цигарите со нашиот производ. Продолжуваме заедно кон нови предизвици насочени кон постигнување на единствената цел – подобри алтернативи за возрасните пушачи“,
вели Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис ТКП.
Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој во себе содржи во просек 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите. Со загревањето се задржува истото ниво никотин, но се елиминираат чадот, катранот, пепелта и други штетни состојки кои настануваат при процесот на согорување на цигарите. Минатата година, реномираната американска агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука во која меѓудругото наведува и дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи. IQOS може да се најде во Скопје и во повеќе градови во земјата, а на iqos.com може да се најдат сите локации каде овој уред е достапен.
Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година.