Се работи за седум линии: до Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме
Почнувајќи од 23 мај, нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ почна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома.
Земји во кои „Виз ер“ повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска – односно Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.
Поради ковид – пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.
