Бесплатен џоинт, морска храна, стипендии, парични награди…, се дел од мерките кои се преземаат со цел да се стимулираат луѓето да се вакцинираат
Лотарија за вакцинираните жители на кинеската престолнина Хонгконг. Ова е последната од низата вести кои изминатиот период може да се прочитаат во медиумите, а со кои властите сакаат да ги стимулираат луѓето да се вакцинираат против ковид-19.
Властите на Хонгконг објавија дека ќе доделуваат награди во вкупна вредност од 100 000 американски долари, кои ќе се доделуваат во форма на при-пејд или кредитни картички, додека главната награда ќе биде стан од 40 квадрати метри. Услов е учесниците да ги имаат примено и двете дози на вакцината.
Во лотаријата може да учествуваат жителите на Хонгконг постари од 18 години, вклучително и оние кои се работна виза, но станот може да го освојат само оние кои имаат статус на постојани жители на метрополата
Во кинеската престолнина досега барем со една доза се вакцинирани помалку од 20 отсто од населението.
Слични награди со цел да се поттикнат луѓето да се вакцинираат има и во други дело од светот. На пример, пред неколку дена гувернерот на сојузната американска држава Охајо, Мај Девајн објави дека ќе бидат награди пет лица кои примаат вакцина против коронавирус со по еден милион долари. Лицата под 18 години, пак, ќе имаат и можност да освојат стипендија за Државниот универзитет во Охајо. Наградите ќе бидат исплатени од средствата за борба против коронавирусот на сојузната влада.
Во Њујорк, каде неодамна се легализираше рекреативното користење марихуана, пак, се делеше бесплатен џоинт на лицата кои ќе приложат доказ дека примиле две дози вакцина. Во Њу Орлеанс, пак, пред десетина дена се организираше настан на кој сите што ќе се појават на вакцина добиваа околу половина килограм морски ракови.
Стимулациите за вакцина не се непознати ниту за нашиот регион. Познато е дека во Србија граѓаните кои се вакцинираа добија од државата по 50 евра. Исто така, на вакциналните пунктови кои се отворија во трговски центри им се делеа и ваучери за шопинг. Последната вест која ја пренесуваат српските медиуми е дека Националната асоцијација на туристички агенции ѝ предложила на Владата на сите млади од 16 до 30 години да се доделуваат ваучери за туристички патувања.