Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза од вакцината на „Синофарм“ откако со првата се вакцинираше на 6 мај.
Тој се ревакцинираше на пункт во „А1 арената“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
„Премиерот Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно агендата. Премиерот Зоран Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од ковид-19“,
велат од Владата.