Во Белгија привремено нема да им се дава вакцината на „Џонсон и Џонсон“ на лица помлади од 41 година. Ова го одлучија белгиските здравствени власти откако млада девојка почина по примањето на вакцината.
Пациентката била вакцинирана во странство со „Џонсон и Џонсон“, но по враќањето во Белгија таа е примена во болница каде што починала.
Според лекарите, нејзината смрт може да е поврзана со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ бидејќи таа развила тромбоза веднаш потоа.
Поради ова, Белгија одлучи од денеска да не ја употребува вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за пациенти под 41-годишна возраст додека не се расветли случајот. Вакцината, сепак, ќе продолжи да се користи за постари луѓе и за ранливи категории.