Ова е прва кинеска мисија на Марс, што ја прави втора земја во светот чиј ровер слета на Марс, по САД
Кинескиот моторизиран ровер со далечински управувач денеска тргна да ја истражува површината на Марс, објави кинеската вселенска управа.
Роверот на соларен погон денеска ја допре површината на Марс во 10:40 часот по локално време во Пекинг.
Тој слета на Марс минатата сабота, во една од технички највозбудливата мисија, која е потешка од слетувањето на Месечината.
Ова е прва кинеска мисија на Марс, што ја прави втора земја во светот чиј ровер слета на Марс, по САД.
Роверот го доби името „Џуронг“, според кинескиот Бог на огнот, а тој беше дијагностички тестиран неколку дена пред да го започне истражувањето.
Се очекува тој да истражува 90 дена дали има докази за живот на Марс.
Кина има амбициозни вселенски планови, вклучително и лансирање орбитална станица со екипаж и спуштање човек на Месечината. Во 2019 година, таа стана првата земја чие вселенско летало слета на малку истражуваната страна на Месечината, а во декември на Земјата донесе карпи од Месечината, за прв пат од 1970-тите на минатиот век.
А Америка моментално има мисија на Марс, со нејзиниот ровер „Упорност“ и мал хеликоптер што ја истражува оваа планета.
Американската вселенска агенција НАСА очекува нивниот ровер да ги собере првите примероци во јули за да се врати на Земјата за десет години.