Кинеската сонда „Џуронг“ пристигна на Марс неколку месеци по последната американска сонда „Упорност“ (Perseverance) која ја допре површината на Марс. Кина ова го смета како важна фаза на патот да стане вселенска велесила
Првата кинеска сонда што слета на Марс минатата недела во историска мисија ги испрати првите „селфи“ фотографии од црвената планета.
Роверот „Џуронг“, кој е поврзан за лендер, во саботата влезе во атмосферата на Марс. Кина е првата земја што успешно ја инсталира сондата за време на својата прва мисија на Марс.
Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) денеска објави слики направени од роверот, на кои се гледа системот за избегнување препреки и соларни панели на возилото, како и почвата на Марс.

Возилото се очекува да биде во функција три месеци, за кое време ќе испраќа слики и ќе собира податоци за локалната географија.
Кинеската сонда „Џуронг“ пристигна на Марс неколку месеци по последната американска сонда „Упорност“ (Perseverance) која ја допре површината на Марс. Кина ова го смета како важна фаза на патот да стане вселенска велесила.
Кина помина долг пат да ги достигне Русија и САД, чии вселенски програми имаат повеќедецениско искуство во истражување на вселената
Минатиот месец успешно го лансираше првиот модул на својата идна вселенска станица. Земјата се надева дека станицата ќе може да ги прими првите луѓе до 2022 година, а потоа Кина има амбиции да испраќа луѓе на Месечината.