Вкупно 391 ковид-пациент се лекуваат во болничките капацитети низ земјава додека, пак, околу 450 болнички кревети се слободни.
„Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град“,
велат од Министерството за здравство.
Според извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има пет пациенти.
Во Велес се лекуваат 29 болен, во Куманово 43, во Охрид 29, Прилеп 15, во ковид-центарот во Гостивар 7, а во Струга 19 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациенти, во Кочани, Кичево и Кавадарци по 7, а во Гевгелија четири лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
велат од Министерството.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,