Сите летови на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се прекинати поради ракетен напад од Појасот Газа, соопштија властите. Палестинската група Хамас соопшти дека истрелала 130 ракети кон Тел Авив, а во градот се слушаат сирени за тревога.
Локалните медиуми јавуваат дека еден проектил завршил во станбена зграда во близина на Тел Авив. Спод најновите информации една жена загинала, а неколкумина се повредени, меѓу кои и петгодишно девојче.
Ова резултираше со вкупно три лица убиени денеска во ракетни напади од Појасот Газа кон Израел. Според израелската армија, повеќе од 500 ракети биле истрелани кон Израел од различни палестински групи од синоќа.
Станбена зграда од 13 ката се урна во Појасот Газа по воздушниот напад на Израел во која била канцеларија на политичкото раководство на исламистичката група Хамас, што управува со Појасот Газа.
Израелските воени власти денеска испратија 80 воени авиони да ја бомбардираат палестинската енклава и да натрупаат тенкови долж границата, откако израелските градови беа ракетирани втор ден по ред.