Минатата година, традиционалниот настан беше на ниво на скандал, за што интервенираа и МВР и Обвинителството, затоа што во екот на пандемијата не се почитуваа мерките за заштита од ковид-19
За разлика од лани, денеска, под посебни протоколи за заштита од ковид-19, во Струга се одржа традиционалната литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“.
Литија се оджа без вернициво топлата, само со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски и манастирот во Рајчица.
Почитувајќи ги апелите на организаторите, верниците ,држејќи соодветно растојание и со заштитни маски, се поклонија распоредени по тротоарите и на кејот на Црн Дрим, како и на вечерната богослужба што се одржа во дворот на црквата „Свети Ѓеоргиј“.
За почитување на препораките се грижеа полициски службеници, црковни лица и приватна агенција за обезбедување, кои не дозволија, во ниту еден момент, да се приклучат верници во поворката. Покрај свештенството и монаштвото, во Литијата се движеа и носачите на моштите на свети Георгиј и на чудотворните икони, како и носачите на црковните знамиња и крстови.
Традиционално на 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Настанот минатата година беше на ниво на скандал, за што интервенираа и МВР и Обвинителството, затоа што во екот на пандемијата не се почитуваа мерките за заштита од ковид-19.